ЗА FAST FRUIT
Свежо подготвено во Скопје.
FAST FRUIT е твоето секојдневно место за свежи сокови, смути, боулови и салати. Посети нè во Diamond Mall или нарачај преку Wolt.
Веруваме дека добриот вкус започнува со добри состојки. Затоа секој производ го подготвуваме свежо, со внимание на секој детаљ.
Одбери нешто лесно, додади го твојот омилен додаток или земи нешто за по пат. Тука се и нашите домашни путери од 100% јатки, без додадени масла и засладувачи.

